СВР Охрид поднесе кривични пријави против Д.С.(37), Х.И.(31), О.И.(31), Б.Б.(35), П.Н.(41) и В.К.(27), сите од Охрид, за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“. На 10 мај годинава, по извршена акциска контрола од страна на СВР Охрид во продавниците „Крал“, „Рекордс сенатор“, „Мартин рекордс“, „Зи-зи Топ“, „Видео ДВД клуб Матрикс“ и „Кукузел“ одземени се вкупно 17.000 парчиња музички ЦД-а и ДВД изданија.
во акцијата на МВР беа запленети 17.000 пиратски ЦД-а
СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Ј.В.(57) од охридското село Велгошти за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот на 17 март годинава, во спортската обложувалница „Премиер“ за наплата на лист за спортски натпревар протурил фалсификувана банкнота од илјада денари.