Поради основано сомнение дека се сторители на едно кривично дело  ,,Незаконит риболов,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата Ѓ.Т. (49) и З.Л. (44), двајцата од селото Пештани.

Пријавените, на ден 23.09.2009 година, во 13 часот и 50 минути, во водите на Охридското езеро поточно во близина на пристаништето, се обиделе да постават мрежи со цел да ловат риба. Двајцата, со метално кајче сопственост на првопријавениот, со дрвени весла отпловиле на околу 70-80 метри од езерскиот брег. Таму, додека второпријавениот веслал, Ѓ.Т. на задниот дел од кајчето започнал да ја поставува односно спушта рибарската мрежа во езерото. Во моментот кога пријавените ги забележале полициските службеници од Полициското оделение-Пештани, со веслање се упатиле кон трските на влезот од Пештани каде, со намера да ја избегнат полициската патрола, се сокриле односно се засолнале.  По 15-тина минути, мислејки дека е безбедно да се вратат, пријавените со кајчето се упатиле кон центарот на селото.

Лицата се повикани на разговор во полициското оделение Пештани а мрежата со помош на подесен алат е извадена од езерото. Притоа е утврдено дека се работи за една рибарска мрежа во должина од околу 25 метри без улов на риба.