Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 37- годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“.  На 14- ти јуни од страна на полициски службеници од Велешта во селото Поум на месноста викана Арабаба затекнати биле тројца албански државјани кои вршеле бесправна сеча на дрва, а по преземени мерки е утврдено дека пријавениот ги ангажирал да вршат сеча на дрва. На местото на настанот пронајдени се 10 метри просторни дрва, а при извршен претрес на домот на пријавениот уште 14 метри просторни дрва, нежигосани и без соодветна документација. Против албанските државјани до шумската полициска станица во Струга е поднесена прекршочна пријава за сторен прекршок од Законот за шуми и на истите им е изречена опомена и прекршочна мерка одземање на предмети.

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава и против две одговорни лица на работни групи во ЕВН КЕЦ Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во април 2015 година, заради пропуштен должен надзор од страна на  пријавените, била извршена кражба на електрични кабли сопственост на ЕВН причинувајќи материјална штета од околу 30.000 денари.

OhridNews