ПС Струга, поднесе кривична пријава против И.П. (40) од село Франгово-Струга, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во септември 2010 година, бил извршен претрес во плевна сопственост на пријавениот каде се пронајдени две рамки за автоматска пушка и 192 куршуми кал. 7,62 мм.

Кривична пријава за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, ПС Струга поднесе и против К.Б. (57) и С.П. (44), двајцата од село Октиси-Струга. Имено, во септември 2010 година, во Струга, откако К.Р. извршил кражба на 94 куршуми од куќата на К.Б. истиот ги продал на С.П., а откако С.П. дознал дека куршумите потекнуваат од кражба од куќата на К.Б. се обидел да му ги врати. 

OhridNews