Првопријавениот В.Г. во својство на службено лице-советник за правни и катастарски работи во оделението за катастар и недвижности Охрид, со искористување на службената положба и со свесно неизвршување на службените должности, на 19.03.2009 година, донел решение со кое дозволил промена и упис на недвижен имот во катастар на земјиште на име на петто пријавениот Ј.Л. во површина од 613 м2, иако истиот не приложил соодветни правни акти за доказ на сопственоста на имотот ниту доказ за пренесени права врз недвижноста. В.Г. на 24.04.2009 година, издал потврда за поединачно запишување на правата на недвижностите на станбен објект на улицата „Богомилска„ од вкупно 55 станови, иако според одобрението за градба, била предвидена изградба на колективен стамбен објект со 47 станови. Со тоа, тој свесно допуштил противправен упис на 8 стана со вкупна површина од 335 м.2 овозможувајки му на 5-то пријавениот Ј.Л. противправна имотна корист од 167.5оо евра. Со цел, на Ј.Л. да му овозможи противправна корист, второ пријавената на 23.03.2009 година, искористувајки ја службената положба (виш Советник во Секторот за Урбанизам при општина Охрид), спротивно на Законот за градење, донела решение за промена на градител, и без да обезбеди доказ во управна постапка и нотарски солемнизирани договори, извршила промена на поранешниот градител „Бетон“ со физичкото лице Ј.Л. Со тоа, тој се здобил со имотни листови и право на отуѓување на 55-те станови меѓу кои и на спорните осум станови. Третопријавениот како геометар во агенцијата за катастар за недвижности-Охрид, без писмено овластување од Агенцијата за катастар-Скопје, го заверил геодетскиот елаборат и пописните листи изготвени од 4-то пријавениот В.К. и овозможил поединечни уписи на правата врз 55-те станови од истата колективна стамбена зграда во корист на 5-то пријавениот.
извор:МВР