Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на казнено дело „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против од струшкото село Мислодежда.
Пријавените, на 22 септември, во шумското подрачје „Орли Врв“, атар на селото Црвена Вода ,општина Дебрца, со која стопанисува ЈП „Национални Шуми“, без одобрение за сеча, пресекле околу 19 м3 буково огревно дрво. Потоа, ги натовариле на коњи со намера да ги присвојат, при што се затекнати од полициски службеници и претставници на Шумското стопанство. – соопшти полицијата.
Дрвната маса е одземена и пренесена во седиштето на Јавното претпријатие.
OhridNews