Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против 49-годишен охриѓанец и против уште едно 42-годишно лице за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
- Охриѓанецот, како вработен во друштво за шпедиција од Охрид, во текот на 2016 година изработил лажен договор за купо-продажба на патнички автомобил „Audi“ и обезбедил фотокопија од исправа на странска сообраќајна дозвола за предметното возило. Документацијата ја употребил пред Бирото за метрологија-Скопје како и пред Царинска управа-подружница Охрид врз основа на која била издадена царинска декларација, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Второпријавениот во натамошна постапка, приложил документација не заверени кај надлежен странски орган и нотар во РСМ и без доказ за платени царински давачки и своерачно потпишал согласност за регистрација на автомобилот.
OhridNews