Поради постоење основи на сомнение за сторени 11 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен жител на Охрид, како и против уште едно 48-годишно лице, кое се товари за казненото дело „прикривање“.
Тешките кражби, пријавениот ги извршил во периодот од 01.10.2019 до 21.01.2020 година во викенд-станови и куќи во Охрид, во приградските населби Рача и Исток како и во викендици и хотел во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Тој користел подесен алат и физичка сила и одземал електрични апарати, бела техника, прехрамбени производи и пијалоци, уметнички слики други предмети, кои потоа му ги давал како залог на второпријавениот, информира СВР Охрид.
OhridNews