Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против три лица од Охрид.

Од ноември 2013 до август 2017 година, двајца од пријавените, во својство на директор и помошник директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на третопријавената и овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата.

Наместо тоа, и овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата исплаќајќи и плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие и нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница “Охрид од вкупно 1.240.727,оо денари.