Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривични пријави за бесправно градење во Струга.

Поднесена е кривична пријава против 63 годишно лице од с.Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на инвеститор на земјиште во негова сопственост лоцирано во Струга, во текот на октомври минатата година изградил делови од објект за домување, спротивно на основниот проект и дозволата за градење добиена од надлежни институции, информираат од МВР.

Додаваат дека поднесена е и кривична пријава против 66 годишно лице од Струга, кој во својство на инвеститор, во текот на 2021 година во Струга, без одобрение за градба од надлежни институции, изградил деловен објект и помошни простории со површина на градба од 99 метри квадратни.

OhridNews