Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривични пријави против дебарчанец и жител на Струга, за сторено кривично дело „демнење“.
Поднесена е кривична пријава против 43 лице од Дебар и 30 годишно лице од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавеното лице од Дебар своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него на 22 јуни годинава лицето од Дебар му ги предал писмата на стружанецот, кој, како помагач и соизвршител на делото, писмата ги доставил во поштата во Струга и ги пуштил на неколку службени адреси.
Со ваквото постапување, пријавените кај оштетениот предизвикале психичка вознемиреност и чувство на несигурност, додаде Димоски.
OhridNews