Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од охридското село Лескоец. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот на 07.03.2020 година околу 17,00 часот, во селото Куратица, попречувал службени лица од Управа за јавни приходи, кои преземале мерки во угостителски објект лоциран во истото село.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 45-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тој, на 09.05.2020 година во 21,20 часот на Булеварот „Туристичка“ во Охрид, бил затекнат за време на полицискиот час без дозвола издадена од надлежен орган со што го прекршил спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од струшкото село Лабуништа. Полициски службеници при контрола извршена во селото на 09.05.2020 година, во 22 часот го затекнале пријавениот без дозвола за движење во време на полициски час.

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, шест лица не ја почитувале забраната за движење, од кои две од Охрид и 4 од Кичево. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава.

OhridNews