Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 47- годишен жител од струшкото село Џепин.
– Пријавениот, без соодветно одобрение започнал градежни активности за надградба на поткровје на својата куќа лоцирана на улицата „Марко Цепенков“ во Струга. На 21 април оваа година, градежен инспектор при општина Струга извршил увид во градежните активности на куќата заведена на катарстарската парцела број 2044 – КО Струга. Од увидот и контролата на објектот во градба, градежниот инсектор затекнал објект во фаза на карабина со изведени арматурно бетонски столбови, сидови од керамички блокови со надградба на краевите од околу 1,50 метри и изведен дрвен кров со поставени дрвени летви за керамиди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
За извршениот увид и констатираните состојби на лице место градежниот инспектор оформил управен предмет и записник врз основа на кој дополнително истиот ден издал и записник со кој од инвеститорот бара објектот-градбата да ја острани и да ја доведе во првобитната состојба.
OhridNews