СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45 годишно лице од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен на граничниот премин „Св.Наум“, како и при претрес во објект во Охрид, каде привремено престојува, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа амфетамин.

На 27.04.20285 година во 08.20 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, лишено од слобода е 74 годишно лице од Струга.

Тој, претходно пред угостителски објект лоциран на градскиот пазар во Струга, најнапред со метален, а потоа и со дрвен предмет нападнал 33 годишно лице од струшкото село Калишта и уште едно лице од Струга. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews