Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 51- годишно лице од Струга.
– Пријавениот, на 17 декември минатата година во атарот на струшкото село Драслајца започнал да гради објект- стовариште кој се наоѓа на катарстарска парцела број 932/2 КО-Драслајца, северно од индустриската зона во која се наоѓаат фабриките „Борис Кидрич“ и „Полипласт“. На барање на полициската станица од Струга, овластен градежен инспектор од општина Струга извршил контрола и увид на објектот во градба. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот-сега пријавениот на катастарската парцела во непосредна близина на мостот на реката Сатеска, отпочнал со градење на објект стовариште без претходно добиено одобрение за градење. Градежниот инспектор затекнал бетонски темелни стопи во градба, истите анкерисани со челични столбови, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Веднаш потоа, градежната инспекција на Општина Струга донела решение со кое од инвеститорот се бара да преземе мерки за отстранување на градбата на стовариштето, објектот да го острани и локацијата да ја доведе во првобитната состојба.
OhridNews