Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето В.К.  роден 1984 година од Охрид, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Пријавениот, од почетокот јуни минатата година, континуирано набавувал опојна дрога “марихуана” и “хероин” која неовластено ја чувал дома,  ја подготвувал за понатамошна продажба и по цена од 300 до 500 денари, ја продавал на наркозависници од Охрид.

При извршен претрес во неговиот дом, инспекторите од одделението за борба против дрога, пронајдоа дел од непродадената дрога, поточно над половина килограм “марихуана”, помали количини “хероин”, како и течен наркотичен аналгетик ,”Метадон”.

Пронајдената дрога и прибор се одземени од страна на полициските службеници и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на РМ. 

Извор:МВР