СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25 годишно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин.
На 24.11.2024 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, пријавениот со употреба на сила од охриѓанка одзел чанта, а на 25.11.2024 преку отворен прозорец влегол во домот на друга охриѓанка и заканувајќи ѝ се со остар предмет ѝ одзел пари и накит, информираат од СВР Охрид.
Додаваат дека на лицето му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
OhridNews