СВР Охрид поднесе кривична пријава против трговско друштво за градежништво трговија и производство од струшкото село Радолишта, против 50- годишниот управител на друштвото и 56- годишен адвокат од Охрид, за сторено кривично дело „ бесправно градење“.
Во текот на 2012 година трговското друштво, управителот и адвокатот како инвеститор со Договор за заедничко вложување за изградба на колективен станбен објект со сопственици на недвижен имот на улица „ Сирма Војвода“ во Охрид, започнале со градба на станбен објект. При тоа спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган и од Основниот проект, во приземјето бесправно изградиле 24,12 метри квадратни деловен простор, додека на кровниот простор на зградата бесправно изградиле поткровје за живеење со две тераси во површина од 54 метри квадратни.
OhridNews