СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При контрола извршена на патничко моторно возило „мерцедес“, во кое тој се превезувал, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана, велат од СВР Охрид.
OhridNews
фото. Архива