СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43- годишен охриѓанец, управител на трговско друштво, за вработување на инвалидни лица за производство, трговија, превоз и услуги, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“.
Во март годинава, пријавената како управител на трговското друштво склучила договор за вработување со лице со посебни потреби за работно место помошник пакувач во продавница во Охрид, која е во склоп на наведеното друштво и не почитувајќи ги законските обврски не и исплаќала плата во износ од 7.000 денари како и други надоместоци и трошоци. Со тоа пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 105.000 денари на штета на оштетената.
OhridNews