Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишна охриѓанка.

  • Таа, во периодот март-април 2020 година, преку компјутерски систем, на една социјална мрежа постирала недолични коментари на веќе поставена објава, со што ширела ксенофобичен матријал, поттикнала омраза, одобрувала и повикувала на насилство на жени и друг вид на омраза, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски информира за уште еден инцидент што се случил вчера, во 20 часот, на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, при што бил нарушен јавниот ред и мир со карање и загрозување на сигурноста извршено од 52-годишен стружанец кон неговата 34-годишна ќерка. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.

Во текот на изминатото деноноќие (09/10.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење, две од Охрид и шест од Струга. Како што информира Димоски, лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 20 контроли врз лица во изолација и 39 контроли врз лицата во самоизолација (Охрид-19 Струга-12, Кичево-7, Дебар-1). Во истиот период, полициските службеници извршиле 75 контроли на угостителски и други објекти.

OhridNews