Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен охриѓанец.

На 25.03.2021 година во 00:35 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид и утврдено дека нема дозвола за движење во време на полициски час со што ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20 до 05 часот. – соопшти СВР Охрид.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-24, Струга-02, Кичево-32, Дебар-08.

OhridNews