Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од селото Волино, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“.

  • Тој, како управител и сопственик на правно лице од Охрид, со седиште на кеј „Македонија“, поставил урбана опрема без одобрение за поставување маси и столици на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на општина Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 10.07.2019 година,  при извршена контрола, општински комунален инспектор изготвил записник и донел решение за отстранување на урбаната опрема по  кои,  пријавениот не постапил и  продолжил со нелегална работа.