СВР Охрид поднесе кривична пријава против 72 и 66 годипни лица, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На имот во Охрид, каде сопственици се пријавените, изградиле нов објект, иако според претходно одобрениот основен проект донесено е решение за прекин со градба. На 23.08.2024 извршен е контролен инспекциски надзор при што е констатирано дека не е постапено по дадените насоки и од тие причини на 10.09.2024 донесено било решение за отстранување на градбите од предметната градежна парцела, информираат од МВР.
OhridNews