СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од селото Белчишта, Општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој, на повозрасна жителка на Охрид, доведувајќи ја во заблуда и ветил дека ќе и овозможи престанок на должнички однос во една финансиска институција, која претходно и одобрила кредит. Притоа, од оштетената побарал и добил 24000 денари, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews