Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 43 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопшти денеска МВР, на 8 септември годинава пријавениот на земјен пат во село Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака.

OhridNews