СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катастарска парцела на улицата „Даме Груев“ во Охрид, спротивно на Законот за градба и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, бесправно изградил станбен објект за домување, велат од СВР Охрид.
OhridNews