Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 30- годишно лице од струшкото село Велешта. Пријавениот, на почетокот на годинава започнал да гради објект за одгледување на добиток кој се наоѓа на јужната страна на магистралниот пат Струга-Охрид во близина на колеџот” Јахја Кемал”.
– На барање на криминалистичката полиција од Струга, во текот на минатиот месец овластен градежен инспектор од општина Струга извршил увид. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот-сега пријавениот на катастарска парцела број 2210 КО Мислешево-Струга, отпочнал со градење на објект за чување на добиток со димензии во основата 15 х 10 метри. Градбата ја отпочнал без претходно добиено одобрение за градење. Веднаш потоа, градежната инспекција на Општина Струга донела решение со кое му се наредува на инвеститорот веднаш да ја отстрани градбата, односно објектот за чување на добиток, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На втори март годинава, градежниот инспектор при општина Струга донел заклучок дека решението е извршно со што на пријавениот како инвеститор му се налага да преземе мерки за отстранување на градбата за чување на добиток кој се наоѓа на јужната страна на магистралниот пат Струга-Охрид бидејќи истиот се гради без одобрение за градење на таков објект.
OhridNews