Поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „Фалсификување на исправа“ и „Фалсификување службена исправа“СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата Г.Б. роден 1985 година, механичар од Охрид,  В.Ш. роден 1971 година и Г.Б. роден 1978 година, двајцата од Охрид, вработени во АМД „Охрид“.

Во текот на 2006 година, првопријавениот купил патничко моторно возило марка „Рено-5“  црна боја без соодветна документација за потекло на возилото. Тој истовремено од лице од Скопје купил исто такво патничко моторно возило црвена боја, по што извршил бришење на оригиналниот број на шасијата од нелегалното возило и втиснување на шасискиот број од легалното возило ,, Рено-5,,.

Потоа, возилото го пријавил за регистрација во АМСМ Охрид, претходно поттикнувајќи ги второ и трето пријавените лица, вработени во АМД Охрид да внесат невистинити податоци. Тие истото го направиле односно во регистрационите листи внесле податоци различни од сообраќајната дозвола каде навеле дека бојата на возилото е црна а не црвена како што стоело во сообрашќајната дозвола на легалното возило. Потоа, тие ги потпишале таквите документи и ставиле службен печат со што овозможиле изготвување службена исправа односно сообраќајна дозвола за возилото со невистинита содржина по што е овозможено издавање на сообраќајна дозвола.

извор: СВР Охрид