Во текот на 2006 година, пријавениот искористувајќи ја службента положба, преку службените лица на кои им бил возач посредувал да му биде дозволено да користи површина од 83 метри квадратни во центарот на Охрид заради вршење угостителска дејност, а договорот не бил заверен во книговодствената евиденција на локалната самоуправа, одбегнувајќи да плати комунална такса за истото. Исто така пријавениот вршел угостителска дејнот и во текот на 2007, 2008 и 2009 година, иако немал договор за корисничко право, а притоа влијаел на инспекциските служби да не вршат надзор.
Покрај ова, во текот на април 2009 година, изготвил и барање за користење на шанк во Охрид, со свој потпис и без печат, по што го доставил до Секторот за урбанизам како вистинито.