Поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело ,, Фалсификување на исправа,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Х. роден 1969 година во Скопје, воено лице вработен во АРМ,  и Н.Г. роден 1978 година во Неготино, цариник вработен во Царинската управа на РМ .

Пријавените, на организиран начин, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, без документација за потекло, набавиле патничко моторно возило марка  “Пасат” извршиле лажна пријава дека увозник на возилото е лице од Скопје и изготвиле фалсификувана швајцарска сообраќајна дозвола. Истовремено, извршиле бришење на оригиналниот број на шасијата и втиснале нов број идентичен на бројот од фалсификуваната швајцарска  сообраќајна дозвола. Искористувајќи ги своите работни позиции, двајцата ја фалсификувале и царинската декларација. Во неа, двајцата пријавени вметнале број од оригинална царинска декларација со која е извршен увоз на машки кошули со кој понатака, прикажувајки го како оригинален, извршиле увоз и платиле царина за возилото.

Потоа, пријавените направиле фалсификуван договор за купопродажба на патничкото моторно возило “Пасат”  и му го продале на лице од Гевгелија стекнувајќи се со противправна имотна корист од 450.000 денари. Откако повторно го добиле во сопственост, пријавените, возилото го продале на лице од Охрид со што предизвикале материјална штета од 744.000 денари.

Извор:СВР-Охрид