Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето А.С. роден 1986 година од Охрид, сопственик на кафетеријата „Емпорио“ во Охрид поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Точење алкохолни пијалоци на малолетници“.
   
На ден 14.09.2008 година, во 01 часот и 35 минути, истиот, како одговорно лице, точел и продавал алкохолни пијалоци на малолетни лица што при контрола на објектот е констатирано од полициските службеници. Притоа, затекнати се две малолетнички од Охрид како пијат алкохолни пијалоци кај кои по извршеното алкотестирање, констатирано е присуство на алкохол во крвта од 0,10 и 0,18 промили, соопшти СВР Охрид.

извор: СВР Охрид