Поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35-годишен жител на Тетово.

На седми февруари оваа година, пријавениот искористил поволна прилика и од џебот на 78-годишен жител на струшкото село Подгорци одзел паричник со 145 евра и 10.500 денари.

Кражбата се случила пред банка во Струга каде оштетениот ја подигнал својата пензија. Излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што тој набрзо забележал дека му го нема паричникот. Оштетениот кражбата веднаш ја пријавил во полициската станица во Струга каде набрзо извршил фотогравско препознавање на можниот сторител на кражбата.

Инаку пријавениот  е познат извршител на вакви кривични дела и против него досега биле поднесувани повеќе кривични пријави.

OhridNews