Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Посебни случаи на фалсификување исправи” и “Затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 43-годишен стружанец.
Пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правно лице од Струга, спротивно на Законот за катастар на недвижности, го употребил службениот печат на фирмата и неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени.
Пријавениот неовластено го употребил службениот печат и во 2014 година, кога во име на фирмата неовластено издал уште три елаборати за посебни намени. Паричните средства кои што тој ги наплатувал од странките за елаборатите не ги прикажувал и не ги внесувал во фирмата, туку против правно ги присвојувал, со што ја оштетил фирмата за сума од 72.000 денари.
Пријавениот тоа го сторил иако со решение од февруари 2012 година од Агенцијата за катастар за недвижности, на фирмата и биле одземена лиценцата за вршење на геодетски работи, а тој лично не поседувал овластување за вршење на геодетски работи со што не бил овластен да ги потпишува геодетските елаборати.
OhridNews