СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ш.(41) од Охрид, советник по сообраќај на градоначалникот на општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2005 година, по објавен тендер за јавен превоз на патници на релација Охрид-село Лакочереј-Охридско, од страна на Комисијата за јавни набавки како најповолен понудувач била избрана фирмата ТД „Омега 2006“ ДООЕЛ-Охрид.

По ова, пријавениот од октомври 2005 до септември оваа година, спротивно на Законот за јавни набавки донесеното решение од страна на Комисијата не го спровел, а изготвениот договор за најповолниот понудувач не го доставил до одговорното лице на фирмата за да биде потпишан и овозможил неовластено да врши превоз на патници на фирмата „Пупе Компани“.

извор:
МВР