Поради основано сомнение дека е сторител на  кривични дела “Тешка телесна повреда“” “Телесна повреда” и ,,”Загрозување на сигурноста” поврзани со семејно насилство, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето М.С. роден 1975 година од селото Долно Лакочереј.

Пријавениот, поради влошени семејни односи, на неговата сопруга С.С. родена 1982 година, често и упатувал повеќе вербални закани кон нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.

Во текот на октомври и декември оваа година, М.С. во семејната куќа физички ја нападнал сопругата предизвикувајќи и тешка телесна повреда односно фрактура на левата рака. Заради зачувување на семејството и децата а со надеж дека настанот нема да се повтори, сопругата не го пријавила случајот во СВР Охрид.

На 8 Декември, во дворот од семејната куќа, М.С. го повторил нападот врз сопругата. Притоа, тој со тупаница ја удрил во пределот на носот нанесувајќи и телесни повреди.

Извор:СВР Охрид