СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(59) од Охрид, раководител на Фондот за здравствено осигурување-ПЕ Охрид за сторени кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Во периодот од 2007-2008 година, Г.П. до Фондот за здравствено осигурување на РМ поднел месечни барања за добивање на парични средства на сметката на Подрачната единица на Фондот во Охрид во зголемен износ од реалните месечни пресметки, а откако му биле одобрени средствата, потпишал налози за исплата на средства во износ од 1.200.000 денари врз основа на непостоечки фактури на 14 правни субјекти со кои немал склучено договори за деловна соработка, а пред завршување на годината правните субјекти ги враќале доделените парични средства во Подрачната единица на Фондот во Охрид. Исто така, Г.П. извршил набавка на 14 клима уреди од приватна фирма од Охрид во вредност од 367.752 денари, иако знаел дека единствено Фондот за здравствено осигурување на РМ има овластување за јавна набавка.

извор: МВР