Царинската управа поднесе кривична пријава против правно лице од Струга и неговото одговорно лице – турски државјанин, поради откриен обид за избегнување на плаќање на увозни давачки во вкупен износ од 500 илјади денари со поднесување на лажни фактури за стоките при увозно царинење.

За потребите на пријавеното правно лице, со три увозни декларации се оцаринети стоки од Холандија. При контрола на документацијата и кабините на возилата, царинските службеници пронашле странски извозни царински декларации на значително повисоки вредности. Вредноста на која стоката со три декларации била пријавена за увоз е 30 илјади американски долари, додека според документите пронајдени при претрес на кабините на возилата вредноста е 47 илјади евра.

Врз основа на утврдената фактичка состојба пресметани се вкупно избегнати давачки во износ од 500 илјади денари.

OhridNews