Во текот на 2004 година, пријавените решавјаќи по распишан отворен повик од страна на ЈЗУ за реконструкција на Оддел во установата, незаконски ја избрале понудата на фирма од Охрид која ја изработила тендерската документација и несмеела да биде рангирана ниту избрана, овозможувајќи да се стекне со противправна имотна корист од 33.119.907 денари. Исто така, поранешниот директор на установата во 2004 година за изградба на новиот дел на болницата наместо да распише нов тендер, со охридската фирма усмено се договорил одобрените парични средства од Фондот за здравствено осигурување да ги зголеми за износ од 1.431.647денари, за која сума го оштетил Фондот.-соопшти МВР.
извор:МВР