СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.П.(57), поранешен директор на ЈЗО »Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања« за сторено кривично дело »злоупотреба на службената положба и овластување«.
Во текот на 2006 година, пријавениот, иако предходно склучил договор со фирмата »Стилист« од Охрид, со истата склучил и анекс-договор за градење на Оддел за интервентна кардиологија за градежни работи кои не биле неопходни и можеле да бидат опфатени со основниот договор, без притоа да обезбеди финансиски средства во износ од 5.104.149 денари. По завршувањето на градежните работи, пријавениот на »Стилист« и исплатил 1.000.000 денари, а за преостанатиот износ фирмата покренала судски спор.
Со склучување на анекс-договорот, пријавениот и овозможил на наведената фирма да се стекне со противправна имотна корист од 1.000.000 денари, на штета на Заводот, соопшти МВР.
извор МВР