СВР Охрид вчера поднесе кривична пријава против Љ.С.(56) од Охрид, поранешен генерален директор на АД „ЕМО“-Охрид за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во периодот од 2004-2005 година, не постапувал по договор што бил склучен во текот на 2002 година со фирмата „Литамер“ ДООЕЛ-Битола за изградба на деловен објект за две физички лица од Битола, кои веќе на АД “ЕМО“-Охрид му исплатиле 30.135.268 денари, односно не дозволил објектот да се доврши и испорача на физичките лица, поради што истите покренале судски спор и била донесена пресуда со која АД „ЕМО“ треба да им исплати 57.811.898 денари.

извор:
МВР