По преземени оперативни мерки, СВР Охрид комплетно  расветли три случаи на нарушување јавен ред и мир, со елементи на физички напад, тешка телесна повреда и изнуда, предизвикана  од страна на  осум малелетни лица од Охрид.

Против лицата С.В. роден 1993 година од Охрид, изготвена е кривична пријава за предизвикана ,,Тешка телесна повреда,, додека про- тив  лицата О.М. роден 1994, Д.Ч. роден 1993 година,  и И.С. роден 1993 го- дина сите од Охрид, кривична пријава за сторено кривично дело ,,Изнуда,,. Против нив, но и против пет други  малолетни лица кои учествувале во нарушувањата, поднесена е и прекршочна пријава за извршен физички напад.

Трите случаи, се извршени од посочената група малолетни лица од Охрид, кои на ден 08 и  09.07.2008 година во времето од 00-02 часот, на Кеј ,,Маршал Тито,,  пресретнувале други малолетници и без причина  започнувале вербална расправија со нив. Во еден случај  В.С. со тупаница удрил малолетник  од Скопје кој при пад се здобил со скршеница на левата рака во пределот  на подлактицата. На него укажана му е лекарска помош  во болницата ,,Св.Еразмо,, во Охрид. Во вториот случај , И.С. од друг малолетник  побарал  и одзел 1000 денари и 5 евра.  Во третиот случај, осумчлената  група со тупаници нападнале други три лица од Скопје на кои во Општата болница во Охрид укажана им е лекарска помош и утврдено е дека се работи за лесни телесни попвреди. Таму, еден од нападнатите, револтиран и незадоволен од односот на вработените во Општата болница, удрил и го скршил стаклото од влезната врата на оделението на хирургија при што се здобил со расекотини на десната рака.

СВР Охрид и понатака енергично и во согласност со законските овластувања ке ги решава ваквите и  слични настани, стои во соопштението на охридската полиција.

извор: СВР Охрид