Поради основано сомнение дека е сторител  на едно кривично дело ,,Силување,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето А.А.  роден 1977 година од Охрид.

Пријавениот на ден 29.10.2008 година,  во утринските часови ја забележал В.С. родена 1984 година, која повремено живеела во Прилеп и Битола, а во Охрид пристигнала пред неколку дена, спиејќи во различни претежно напуштени места. Тој  го видел нејзиното влегување во напуштена куќа. Истиот момент, во куќата влегол и пријавениот по што веднаш и упатил закани дека ке ја тепа ако на некого каже за неговото доаѓање во куќата и не ја пуштал да излезе надвор од собата. Во следниот момент, А.А. извршил обљуба врз В.С. која од заканата била преплашена, но сепак настанот го пријавила во СВР Охрид. Набрзо А.А. бил пронајден и лишен од слобода.

На лице место извршен е увид од страна на увидна екипа при СВР Охрид, а пронајдените материјали ке бидат доставени на вештачење во МВР-РМ. Врз лицето В.С. извршен е гинеколошки преглед во Општата болница во Охрид.

извор: СВР Охрид

Ohridnews