Поради основано сомнение дека е сторител на кривични дела(КД) ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и  ,,неовластено држење на оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето С. Н. роден 1968 година од Охрид.
    
По наредба на Истражен судија при Основниот суд во Охрид, инспектори од оделението за недозволена трговија со дрога, извршија претрес во домот  кај пријавениот при што пронајдени се околу 100 грама опојна дрога пресован кокаин, околу 200 грама опојна дрога марихуана, две фолиени паковки опојна дрога хероин, шише со делови  од растението ,,Канабис сатива“, и  осум куршуми пиштолска муниција калибар 9 мм.
    
На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид, а пронајдените предмети се дадени за натамошна постапка во МВР на РМ. СВР  Охрид, презема дополнителни мерки за документирање  и расчистување на овој случај, информираат од полицијата.

извор : СВР Охрид