СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(25) од с.Велгошти-Охридско за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во октомври 2008 година, пријавениот набавил наркотична дрога хероин и марихуана и истата ја продавал на корисници во Охрид. По наредба на истражен судија, извршен е претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени 589,3 грама наркотична дрога-марихуана, 1,5 грама хероин и 7,5 милилитри метадон, соопшти МВР.

извор:МВР