Пријавениот, на ден 04.11.2008 година во 12 часот и 30 минути, во кафе барот “Галерија“во Охрид, физички го нападнал лицето С.С. роден 1966 година од Охрид, удирајќи го со раце во пределот на главата и нанесувајќи му видливи телесни повреди.
Пријавениот, најнапред вербално го нападнал оштетеното лице по што му задал неколку удари во пределот на левата слепоочница. Истиот, успеал да се оттргне од напаѓачот и случајот да го пријави во СВР Охрид од каде по преземените мерки, напаѓачот е пронајден и лишен од слобода.
извор: СВР Охрид