СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.К.(26) од Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци или прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанци“.

На 08.09.2007 година, во Охрид, при извршен преглед кај пријавениот пронајдено е 0,12 грама наркотична дрога-хероин и една таблета метадон. Претходниот ден пријавениот во неговото возило му овозможил да ужива од хероинот на лице од Битола, а исто така во периодот од 2003-2004 година, во повеќе наврати продавал и им овозможувал да користат марихуана и хероин на повеќе лица од Охрид.

извор:
МВР