СВР Охрид поднесе кривична пријава против оохриѓанецот Н.Д.(25) за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ во обид и „насилство“.

На 9 август во 23,15 часот, на бул. „Македонски Просветители“ во Охрид, околу редот при купување, пред сендвичарницата „Мекдоналдс“ настанала расправија помеѓу пријавениот и српските државјани В.П.(22), Ј.Р.(23). Пријавениот притоа со гасен пиштол го удрил Ј.Р. и испукал еден куршум во воздух, а при обид В.П. да го спречи во намерата и тој бил физички нападнат од страна на пријавениот, со што им нанел видливи повреди во пределот на главата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавениот кој се наоѓа во бегство соопшти МВР.

извор: МВР