Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 50- годишно лице од струшкото село Долна Белица.

Тој, на седми овој месец,  со нож нападнал 79- годишен стружанец, нанесувајќи му тешки телесни повреди-посекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри.

– Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба,  го забележал стружанецот кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост. Тука, пријавениот го пресретнал сега повредениот, го извадил ножот и му задал удар во пределот на вратот по што веднаш избегал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со брза интервенција, полициските службеници го пронајдоа лицето. При извршено алкотестирање, кај него констатирани се 2,24 промили алкохол во крвта.

OhridNews