Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 57-годишен жител на струшкото село Октиси. Во пријавата, во врска со казненото дело „помагање“ опфатено е и  21-годишно лице од истото село.

Во вечерните часови на 9-ти април 2015 година во селото Октиси, двајцата пријавени се затекнати со мини трактор при нелегален транспорт на 1,89 метри кубни огревно дабово дрво.

Првопријавениот неовластено извршил сеча од шумски терен во подрачјето на селото Октиси, а потоа ги одзел и транпортирал до својот дом во селото. Со тоа првопријавениот на Шумското стопанство во Струга му сторил штета во износ од 12.230 денари.   

Второпријавениот иако знаел дека дрвата се бесправно сечени и се предмет на кражба, прифатил со своето товарно возило-мини трактор да ги транспортира од местото на сеча до домот на првопријавениот.

При контролата, полициските службеници констатирале дека пријавените не поседувале документи за извршената сеча, за сопственоста и транспортот. Целата количина дабово дрво е одземена и предадена на Шумското стопанство во Струга.

OhridNews